Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евролигата без руски екипи, Валенсија и Партизан нови учесници

/

пред 1572 дена

Сподели преку :

Бордот на директори на кошаркарската Евролига донесе одлука да не им дозволи учество на клубовите од Русија, а нивното место во елитното натпреварување ќе го заземат Партизан и Валенсија.

За исфрлање на московска ЦСКА и Зенит од Санкт Петербург гласаа седум екипи од вкупно 11 кои имаат А лиценца, а двата нови тима во новата сезона ќе се натпреваруваат со специјална покана на организаторот.

Доколку Ненад Димитриевиќ остане во редовите на Валенсија и во следната сезона, Македонија ќе има еден играч што ќе биде дел од елитното кошаркарско натпреварување.

Според најновата одлука во сезоната 2022/2023 во Евролигата ќе се партиципираат 18 клуба, а три нови имиња се Виртус, Партизан и Валенсија.