Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европскиот шампион Италија сместен во четвртиот сад

/

пред 1049 дена

Сподели преку :

По комплетирањето на квалификациите за настап на Европското првенство, УЕФА ги објави квалитативните садови во кои се распоредени 24-те земји учеснички на шампионатот.

Во пресрет на жрепката која ќе се одржи на 20 декември непознати се само три селекции кои настапот во Германија ќе го обезбедат по баражите што ќе се одиграат во март следната година.

Меѓу носителите покрај домаќинот Германија се уште Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија.

Во вториот сад сместени се Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија и Австрија.

Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка и Чешка се дел од третиот сад, а во четвртиот се наоѓаат европскиот првак Италија, Србија, Швајцарија како и трите национални тима кои ќе бидат најуспешни во мартовските баражи.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули следната година.