Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фармацевтско дерби во Автокоманда, може ли Алкалоид до нова сензација

/

пред 1270 дена

Сподели преку :

Денеска се играат три натпревари од деветтата рунда во ракометната Супер лига, а најголемо внимание предизвикува соочувањето во Автокоманда каде Алкалоид го пречекува Еурофарм Пелистер.

Составот предводен од Кирил Лазаров по последниот триумф над Вардар верува дека може да направи ново изненадување и да слави во мечот против вториот најсериозен кандидат за шампионската титула Еурофарм Пелистер.

Натпреварот се игра во салата Автокоманда, а почетокот е закажан за 19 часот.

Денешната програма се отвора во Битола каде вториот состав на Еурофарм Пелистер од 16 часот ќе се сретне со Бутел Скопје додека половина час подоцна почнува мечот меѓу Вардар и Охрид.

ФОТО: Игор Паневски