Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фелер го предводеше тројното австриско славје во слалом

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Австрија ја прекина низата од 17 трки без победа во слалом во Светскиот куп во алпско скијање и тоа со тројно славје денеска во домашниот ски-центар Гургл.

Мануел Фелер денеска беше најбрз и тоа со вкупно време по двете трки од 1 минута, 47 секунди и 23 стотинки. Зад него со 23 стотинки послабо време финишираше сонародникот Марко Шварц, а се-австрискиот подиум го комплетираше Михаел Мат.

Ова беше прва сезонска трка во машка конкуренција во Светскиот куп откако претходно беа откажани трките во Зелден и Цермат-Червинија поради лоши временски услови.

Утре на програмата е женскиот спуст во Цермат-Червинија.