Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фелер ја продолжи доминацијата во спуст сезонава

/

пред 994 дена

Сподели преку :

Мануел Фелер во Венген стигна до третата победа во слалом сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. До триумфот дојде со вкупно време од 1 минута, 50 секунди и 28 стонки во двете возења. Зад него финишираа двајца Норвежани, Атле Ли Меграт имаше 10 стотинки послабо време, додека трет беше Хенрик Кристоферсен со 21 стотинка заостанување.

Фелер води во спуст со 345 бодови, пред Меграт дури 153 помалку. Во генералниот поредок лидер е Марко Одермат со 1016 бодови, пред Марко Шварц, кој има дури 552 бода помалку.
Следниот викенд, скијачите ќе се натпреваруваат во Кицбил, Австрија, каде на програмата се две трки во спуст и една во слалом.