Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Феликс има шанса за уште еден трофеј во кариерата

/

пред 1535 дена

Сподели преку :

Седумкратната олимписка шампионка и најтрофејната атлетичарка во историјата, Алисон Феликс има нова шанса да се закити со медал и тоа во нејзината последна трка во кариерата.

Феликс ќе биде дел од штафетата 4 пати по 400 метри на САД која денеска ќе настапи во квалификациите, а се очекува таа да биде дел и од утрешното финале.

И покрај фактот што Феликс на првиот ден од првенството кога настапи во мешаната штафета објави дека тоа е нејзин последен настап во кариерата, таа била повикана од селекторот на националниот тим да му помогне на тимот во обидот да се стигне до големото финале.