Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Феликс ќе го продолжи договорот со Атлетико па ќе замине во Челзи

/

пред 1367 дена

Сподели преку :

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс во следниве шест месеци најверојатно ќе биде играч на Челзи, но медиумите во Англија пишуваат дека тој пред да замине за Лондон прво ќе стави потпис на продолжување на договорот со Атлетико Мадрид на дополнителни 12 месеци и наместо до 2026 тој ќе се обврзе на вредност до 2027 година.

По долгите преговори Атлетико конечно ја прифатил сумата од 10 милиони евра што треба да ја добие за шестмесечната позајмица што е двојно помалку од претходно бараното.

Останува да се утврдат уште неколку финансиски детали пред се околу платата на 23 годишниот Португалец која изнесува 14,5 милиони евра.

Неофицијално Челзи ќе се обврзе да исплати половина од оваа сума односно да плати само за периодот додека Жоао Феликс ќе престојува на Стемфорд Бриџ.

ФОТО: Игор Паневски