Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферари во првиот стартен ред за ГН на Мексико

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц Јуниор по синоќешните квалификации ќе стартуваат од првиот ред за вечерашната трка за Големата награда на Мексико во Формула 1 шампионатот.

Леклер до својата втора пол-позиција по ред стигна со време од 1 минута, 17 секунди и 166 илјадитинки. Второ најдобро време имаше Сајнц, додека старо-новиот светски шампион Макс Ферстапен ќе тргне како трет.

Четврто време имаше Даниел Рикардо од Алфа Таури, што беше големо изненадување, а најдобрите десетмина во квалификациите ги комплетираат Серхио Перез, Луис Хамилтон, Оскар Пијастри, Џорџ Расел, Валтери Ботас и Жу Гуанју.

Трката за Големата награда на Мексико на патеката „Ерманос Родригез“ стартува вечерва во 21 часот.