Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

/

пред 882 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен ја претвори пол-позицијата во победа на спринт трката во Мајами во рамки на Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул до втората спринт победа на исто толку трки сезонава дојде пред Шарл Леклер од Ферари и тимскиот колега Серхио Перез. Поени освоија и Даниел Рикардо, кој беше четврти, потоа Карлос Сајнц, Оскар Пијастри, Нико Хулкенберг и Јуки Цунода.

Официјалните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Мајами се закажани за вечерва, а главниот настан е утре од 22 часот.