Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен најбрз на спринт-квалификациите во Мајами

/

пред 879 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на вечерашната спринт трка во Мајами во рамки на Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул во синоќешните спринт-квалификации имаше најдбро време од 1 минута, 27 секунди и 641 илјадитинки. Крај него од второто место ќе тргне Шарл Леклер од Ферари, а зад нив ќе бидат Серхио Перез од Ред Бул и изненадувањето Даниел Рикардо.

Меѓу најдобрите десетмина се квалификуваа и Карлос Сајнц, Оскар Пијастри, Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Ландо Норис и Нико Хулкенберг.

Спринт трката ќе се одржи денеска во 18 часот, додека официјалните квалификации се во 22 часот. Трката за Големата награда на Мајами е закажана за во недела со почеток од 22 часот.