Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен со доминантна претстава до пол-позицијата во Саудиска Арабија

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен денеска беше најбрз во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот. Актуелниот светски шампион имаше нова доминантна претстава пред своите ривали.

Исто како и во Бахреин минатата недела, така и денеска Ферстапен стигна до пол-позицијата со време од 1 минута, 27 секунди и 472 илјадитинки. Во првиот стартен ред, друштво на пилотот на Ред Бул ќе му прави Шарл Леклер од Ферари, кој имаше 0,3 секунди послабо време.

Од вториот ред ќе тргнат, Серхио Перез и Фернандо Алонсо, потоа следува двоецот на Мекларен, Оскар Пиастри и Ландо Норис, а најдобрите десетмина ги комплетираат, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Јуки Цунода и Ленс Строл.

Дебитантот Оливер Берман ќе стартува како 11-ти. Младиот 18-годишен Британец ќе го замени Карлос Сајнц во болидот на Ферари на утрешната трка во Џеда откако Шпанецот денеска итно мораше на операција на слепо црево. Берман ќе биде третиот најмлад возач во историјата на една трка во Формула 1 шампионатот.

Саудиското гран при утре стартува од 18 часот.