Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФИФА бара објаснување од ВАР-судија по спорен гест на Светското првенство

/

пред 110 дена

Сподели преку :

ФИФА побарала објаснување од австралискиот ВАР-судија Шон Еванс поради спорен гест што го направил пред натпреварот меѓу Германија и Курасао на Светското првенство.

Инцидентот се случил во моментот кога телевизискиот пренос ја прикажувал ВАР-собата во Далас, како дел од вообичаеното претставување на судиите пред почетокот на натпреварот. Еванс, кој бил дел од ВАР-тимот, со десната рака направил превртен знак „ОК“, што веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи.

Овој гест може да има различно значење. Во некои случаи се користи како безопасна шега, позната како „circle game“, но во последните години се поврзува и со екстремно десничарски и расистички групи.

Антидискриминациската мрежа „Фаре“, која соработува со ФИФА и УЕФА, побарала појаснување за случајот и смета дека Еванс не треба повеќе да има улога на ова Светско првенство додека не се расчисти ситуацијата.

ФИФА засега нема официјално соопштение за евентуална дисциплинска постапка, но според BBC, од Еванс веќе се бара објаснување за гестот. По овој случај, на следните натпревари било забележано дека телевизиските преноси повеќе не ги прикажувале ВАР-судиите како позираат пред камерите, туку тие веќе биле свртени кон мониторите.

Еванс има 38 години, на листата на ФИФА е од 2017 година, а како ВАР-судија беше дел и од Светското првенство во Катар во 2022 година.