Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФИФА ги објави номинациите за најдобар светски фудбалер за 2024

/

пред 675 дена

Сподели преку :

Светската куќа на фудбалот ФИФА ги објави имињата на 11-те фудбалери номинирани за наградата најдобар светски фудбалер за 2024 година.

Очекувано на листата на номинирани доминираат фудбалерите од Реал Мадрид, тим кој минатата сезона ја освои Лигата на шампиони и шпанското првенство Ла Лига. Дури шест фудбалери од кралскиот клуб се во конкуренција за наградата „Најдобриот“, а тоа се Дани Карвахал, Федерико Валверде, Џуд Белингам, Килијан Мбапе, кој лани играше за ПСЖ, потоа пензионираниот Тони Крос и Винисиус Жуниор.

Меѓу номинираните е и добитникот на „Златната топка“, Родри од Манчестер сити, како и неговиот тимски колега Ерлинг Халанд. Лионел Меси од Интер Мајами е единствениот номиниран фудбалер надвор од Европа. Меѓу 11-те фаворити се најдоа и Ламин Јамал од Барселона и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти, Лионел Скалони, Луис де ла Фуенте, Пеп Гвардиола и Чаби Алонсо. За најдобар голман номинирани се Андриј Луњин, Давид Раја, Едерсон, Емилијано Мартинез, Џанлуиџи Донарума, Мајк Мењон и Унаи Симон.

Навивачите ќе можат да гласаат во сите категории на сајтот на ФИФА до 10 декември, а во изборот учествуваат и сите капитени и селектори на земјите членки на ФИФА, како и спортските новинари.