Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фламенго го освои Копа Либертадорес

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Бразилското финале во Копа Либертадорес им припадна на фудбалерите на Фламенго кои во финалето што се одигра во Гвајакил го совладаа Атлетико Паранензе со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Габриел Барбоса во судиското надополнување.

За Фламенго ова е трет триумф во елитното фудбалско клупско натпреварување во Јужна Америка, а составот од Рио де Жанеиро ја продолжи доминацијата на тимовите од Бразил кои четврти пат по ред го освојуваат трофејот.

Фламенго по бројот на пехари се израмни со Сао Пауло, Палмеирас, Гремио и Сантос, а на вечната листа водечки се Индепендиенте со со седум, Бока Јуниорс со шест, а пет пати се радуваше Пењарол.