Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Бугариќ и Марковски во второто коло, елиминација на Ивановски на ИТФ турнирот во Скопје

/

пред 1572 дена

Сподели преку :

Берк Бугариќ и Обрад Марковски се пласираа во второто коло на ИТФ турнирот што се одржува во Скопје.

Бугариќ во меч што траеше скоро два часа со 2:0 по сетови 6:4 и 6:3 го елиминираше Илја Снитари од Молдавија додека Марковски место во втората рунда обезбеди откако Дејли Вокин од Австралија го предаде мечот во вториот сет.

Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка откако во дуелот против првиот носител Орландо Луз од Бразил, кој во моментов е 321 играч на светот е поразен со 6:6 и 6:3.

Турнирот го завршија у Стефан Мицов и Горазд Србљак кои забележаа порази во соочувањата со Словакот, Лукас Палович и Франко Ронкадели од Уругвај.

ФОТО: Игор Паневски