Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Борац Бања Лука на Шишковски и Херера достоен противник на фаворитот ПАОК

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Шампионот на Босна и Херцеговина, Борац од Бања Лука во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите гостуваше во Солун каде се соочи со првакот на Грција, ПАОК.

Тимот за кој настапуваат нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и поранешниот член на младата селекција Херера се дел од Борац, кој одлично му парираше на фаворитот, но сепак на крајот ПАОК успеа да слави со 3:2.

Грците поведоа со погодокот на Константинос Кулиракис во 17. минута.

Пет минути подоцна нашиот интернационалец Себастијан Ерера прецизно изведе удар од 11 метри за израмнување на резултатот. Кулиракис во 39-тата повторно му носи предност на ПАОК од 2:1, а во третата минута од судиското надополнување Енвер Кулашин израмни на 2:2.

Конечниот резултат го постави Вилијам Трост Еконг во 51. минута од средбата.

ФОТО: Игор Паневски