Во првиот натпревар од 24. коло во Втората фудбалска лига Вардар го пречека директниот конкурент за пласман во елитното фудбалско друштво Гостивар.
На еден од клучните натпревари за враќање во Првата лига поддршка на играчите им даде вардаровата играчка и тренерска легенда Андон Дончевски.
Клубот и Комитите му дадоа посебна почит на Чичко Дончо, кој не можеше да ги сопре солзите за големата почест која му да дадоа најверните навивачи на “црвено-црните”.
ФОТО: Игор Паневски


















