Нашиот противник во утрешниот дуел, селекцијата на Фарските Острови реши да избере термин за тренинг во најтоплиот дел од денот и да го искористи перфектното време за последна подготовка пред соочувањето со Македонија.
Сончевиот ден беше перфектен за гостите кои напоменаа дека во последниве денови во нивната земја имало неколку снежни бури и практично уживаа во извонредните временски услови на арената Тодор Проески.
ФОТО: Игор Паневски





















