Ракометната репрезентација на Франција триумфираше на Светскиот јуниорски шампионат во женска конкуренција што се одржа во Скопје откако во финалето ја совлада Унгарија со 29:26.
За Триколорките ова е прво јуниорско злато во историјата до кое стигнаа сосема заслужено бидејќи на патот до тронот немаа ниту еден пораз, а беа доминантни во скоро сите натпревари.
Бронзата и припадна на Холандија која ја совлада Данска со 34:28.
ФОТО: Игор Паневски












































