Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски ги почна подготовките за претстојните четири натпревари од новото издание на Лигата на нации. Во текот на следните денови тој на располагање ќе ги има сите фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за дуелите до Бугарија, Гибралтар и Грузија.
Првиот натпревар го играме на втори јуни во Разград, а противник ни е селекцијата на Бугарија.
ФОТО: Игор Паневски






















