Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Историски триумф на Тиквеш, 15 минути за паметење на Кавадарчани

/

пред 816 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Тиквеш во дебитантскиот настап во европските клупски натпреварувања успеа да стигне до победа која има огромно значење пред реваншот за седум дена.

Кавадарчани на арената Тодор Проески во Скопје вечерва го совладаа исландскиот претставник Брејдаблик со 3:2 иако гостите по првите 45 минути имаат предност од 2:0.

Бредаблик поведе со погодоците на Виктор Еинарсон во 13-тата и Кристофер Крстијансон во 31-та минута иако во овој дел од играта Кавадарчани имаа неколку одлични можности за гол.

Во вториот дел блескава партија на македонскиот победник на Купот. Во 74-тата минута Кристијан Стојкоски намали на 2:1, шест минути подоцна Мартин Стојанов со прекрасен удар израмни на 2:2, а во 83-тата Лео Гера ги постави конечните 3:2.

ФОТО: Игор Паневски