Во дуелот од разигрувањето за пласман од 13. до 16. место, женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија е совладана од селекцијата на Јужна Кореа со 34:19.
По овој пораз македонската репрезентација утре од 15:45 часот во салата Борис Трајковски во меч за 15. позиција ќе се соочи со селекцијата на Кина.
ФОТО: Игор Паневски
































