Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Кошаркарите немоќни против Естонија

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз го отвори новиот циклус на квалификации за Европското првенство. Вечерва во салата на СРЦ Кале нашиот состав беше поразен од Естонија со 74:69.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски одиграа добри први дваесет минути, но во третиот период падот во играта беше огромен, а тоа го искористи противникот кој успеа да го преземе водството и да го задржи до крајот на средбата.

Најефикасен во македонската селекција беше Ненад Димитријевиќ со 26 поени, Итан Хап додаде 18 поени и 10 скока додека Стојан Ѓуроски беше стрелец на 10 поени.

ФОТО: Игор Паневски