Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Кошаркарите во финишот го скршија отпорот на Словаците

/

пред 1499 дена

Сподели преку :

Македонската машка кошаркарска репрезентација во вториот настап од претквалификациите за Европското првенство вечерва во Скопје потешко од очекувањата ја совладаа Словачка со 79:75.

Гостите водеа во најголемиот дел од натпреварот, а отпорот на противникот беше скршен во финишот кога успеавме да го преземеме водството и на крајот да стигнеме до толку посакуваната победа.

Најефикасен во нашиот тим со 20 поени беше Ненад Димитријевиќ кој додаде и седум асистенции, но имаше и шест загубени топки, а еден од клучните играчи за пресврт беше Андреј Јакимовски кој мечот го заврши со 15 поени и пет скока, двоцифрен учинок имаа и Војдан Стојановски со 15 и Стојан Ѓуроски со 12 поени.

ФОТО: Игор Паневски