Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Крушево и ова лето е светски параглајдерски центар

/

пред 1181 дена

Сподели преку :

И оваа година Крушево е домаќин на голем број натпреварувања во параглајдерство и во изминативе недели стотици вљубеници во овој спорт престојуваат во еден од најпознатите центри во светот.

Минатата недела во Крушево се одржа Flymaster Open 2023, а во моментов во тек е Отвореното првенство на Белгија. На двете натпреварувања учествуваат преку 300 учесници од педесетина земји од сите делови на светот.

Кон крајот на овој месец Крушево ќе биде домаќин на The Gin Wide Open кое важи за едно од најпопуларните натпреварувања во овој спорт и се очекува да партиципираат околу 200 учесници, а на почетокот од август следува уште едно атрактивно натпреварување, а тоа Светскиот шампионат во змајарство кое требаше да се одржи во 2021 година, но беше одложено поради пандемијата со Ковид-19.

ФОТО: Игор Паневски