Фудбалерите на Македонија ЃП се освојувачи на трофејот во Фудбалскиот куп откако по подобро изведување на пенали го совладаа Силекс.
Јунак на натпреварот беше голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски кој во пенал серијата успеа да одбрани два удари од 11 метри.
Клучниот пенал за триумф го изведе Сефер Емини кој на Македонија ЃП и донесе победа во Купот и настап во Конференциската лига на УЕФА.
ФОТО: Игор Паневски


























