Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Македонските кошаркарски надежи се пласираа во европската елита

/

пред 1177 дена

Сподели преку :

Со победата од 66:53 во дуелот против Украина, кошаркарската репрезентација на Македонија се пласираше во финалето на Европското првенство за играчи до 20 години, Б дивизија  и во следното издание на континенталниот шампионат во оваа категорија ќе настапува во елитната конкуренција.

И покрај отсуството на еден од најдобрите кошаркари во националниот тим, Андреј Митревски нашите надежи успеаа да одиграат меч во кој доминираа во однос на противникот и заслужено се пласираа во финалето.

Противник во дуелот за првото место ќе ни биде селекцијата на Чешка, а натпреварот се игра утре во арената Борис Трајковски и почнува во 21 часот.

ФОТО: Игор Паневски