Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Моќен старт на Полска и Холандија на ЕП во одбојка

/

пред 1129 дена

Сподели преку :

Фаворитите за освојување на првите две места во Ц групата од Европското првенство во одбојка што се одржува во Скопје забележаа максимални победи.

Во првиот дуел Холандија со 3:0 триумфираше над Црна Гора додека Полска со истиот резултат беше поуспешна од Чешка.

И утре е слободен ден за селекцијата на Македонија која својот втор натпревар ќе го одигра в сабота против Црна Гора, а почетокот е закажан за 20 часот.

Утре на програмата се два дуели, а еден е оној кој се чини ќе решава за освојување на првото место во групата, а се среќаваат репрезентациите на Полска и Холандија.

Овој натпревар почнува во 20 часот додека три часа порано стартува дуелот меѓу Данска и Чешка.

ФОТО: Игор Паневски