Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: МЗТ Скопје поведе во серијата против вечниот ривал

/

пред 1240 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа Работнички 82:71 и поведоа со 1:0 во полуфиналната серија од разигрувањето за шампионската титула.

Во извонредна атмосфера во СЦ Јане Сандански, вечните ривали очигледно под притисок од важноста на дербито квалитетот беше под очекуваното, но сепак борбеноста на теренот не изостана.

МЗТ Скопје мечот го реши во самата завршница кога успеа да обезбеди предност од 12 поени која ја задржа до крајот.

Лидер во победничкиот тим со 14 поени и 11 скока беше Дамјан Стојановски, Кук и Вер постигнаа по 13 поени додека во составот на Работнички, Џелетовиќ забележа 19 поени и девет освоени топки под обрачите, а Нотиџ и Малешевиќ беа стрелци на по 16 поени.

ФОТО: Игор Паневски