Македонската женска одбојкарска репрезентација во третиот настап од квалификациите за Европското првенство е совладана во дуелот против Грција.
Гостинките ја оправдаа фаворитската улога и во мечот против младата репрезентација на Македонија славеа со 3:0 (25:8, 25:11, 25:19).
Последниот настап во овој циклус на квалификации нашата селекција го има за шест дена против Австрија.
ФОТО: Игор Паневски


































