Во последниот натпревар на домашен терен за оваа година Вардар не успеа да го совлада Тиквеш. Двата тима постигнаа по еден погодок за освојување на по еден бод.
Гостите од Кавадарци поведоа со голот на Едиз Спахиу во 41-та минута од натпреварот.
Израмнувачкиот погодок за Вардар беше дело на Ненад Мишковски во 65. минута.
ФОТО: Игор Паневски










































