Македонската женска ракометна репрезентација и натаму останува меѓу непоразените селекции на Светскиот младински шампионат чиј домаќин е Скопје.
Составот предводен од селекторот Љубомир Савевски вечерва во арената Борис Трајковски играше без победник 20:20 во дуелот против Шведска и е на чекор до пласман во четвртфиналето.
Клучниот меч за влез меѓу осумте најдобри селекции на светот го играме в петок со почеток од 20 часот и 30 минути.
ФОТО: Игор Паневски


























