Македонските ракометни надежи супериорно го освоија првото место во групата и првата фаза од Светскиот младински шампионат ја завршија со максимален учинок и три убедливи победи. Во последното коло вечерва во А1 арената Борис Трајковски совладан е Иран со 31:19.
Вистинскиот предизвик за репрезентацијата на Македонија следува во Главната рунда каде за пласман меѓу осумте најдобри на светот потребна ни е една победа во соочувањата со Исланд и Шведска.
ФОТО: Игор Паневски






















