Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Ракометарките триумфално го заверија местото меѓу европската елита

/

пред 909 дена

Сподели преку :

Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство, македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Литванија со 34:24.

Со овој триумф нашиот состав го потврди второто место во групата и обезбеди ново учество во завршницата на континенталните шампионати.

Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Андреа Седлоска и Емилијана Ризоска кои шест пати се запишаа во листата на стрелците додека Ива Младеновска постигна четири погодоци.

ФОТО: Игор Паневски