Селекторот Благоја Милевски од денеска на располагање ги има сите фудбалери кои се најдоа на списокот на играчи за претстојните дуели против Малта и Фарските острови.
По завршувањето на клупските обврски денеска пристигнаа и останатите фудбалери и веднаш им се приклучија на подготовките за првото соочување во квалификациите за Европското првенство со Малта што ќе се одигра в четврток во Скопје со почеток во 20 часот и 45 минути.
ФОТО: Игор Паневски






















