Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Романија во последната секунда до победа

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

Вториот дуел од првото коло во Главата рунда од Европското првенство во ракомет во женска конкуренција меѓу Романија и Шпанија беше решен во последната секунда.

Со погодокот на Марија Базалиу постигнат пред истекот на шеесеттата минута, Романија ја совлада Шпанија со 28:27 и ги освои првите бодови во втората фаза од натпреварувањето.

Прв стрелец на натпреварот со седум погодоци беше Елена Пинтеа, Елиза Бучески постигна шест додека Кристина Неагу пет пати се запиша во листата на стрелците. Во составот на Шпанија најефикасни со по четири гола беа Марија Бермехо и Лара Гонзалез.

ФОТО: Игор Паневски