Фудбалската репрезентација на Македонија во вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Велс освои бод откако мечот на арената Тодор Проески заврши без победник 1:1.
Двата гола беа постигнати во судиското надополнување. Во првата минута Бојан Миовски ја казни грешката на противникот и успеа да донесе предност од 1:0, но за жал пет минути подоцна исто така по грешка на нашата комплетна одбрана, Дејвид Брукс го постави конечниот резултат.
ФОТО: Игор Паневски
















































