Во последниот натпревар од шампионатот на Македонија, фудбалерите на Шкендија како гости го совладаа Работнички со 2:0 и ја потврдија втората позиција на табелата.
Првиот погодок на мечот беше дело на Ендрит Красниќи во 34. минута додека вториот гол го постигна Алмир Аганспахиќ во 71. минута.
ФОТО: Игор Паневски


































