Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Струга ги освои трите бода на гостувањето против Работнички

/

пред 1299 дена

Сподели преку :

Еден гол го реши дуелот во Скопје во кој лидерот на табелата Струга успеа да стигне до три бода и да се задржи на чело на табелата во фудбалскиот шампионат на Македонија.

Натпреварот на стадионот Борис Трајковски беше решен во 28-та минута кога Христијан Малевски успеа да го совлада Игор Алексовски.

Работнички до крајот на мечот се обидуваше да стигне до израмнување или евентуален пресврт, но неколкуте можности не успеа да ги претвори во погодок.

Струга по денешната победа има четири бода предност во однос на бранителот на трофејот Шкупи кој на гостувањето против Академија Пандев играше без победник 1:1.

ФОТО: Игор Паневски