Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Струга ТЛ повторно рамноправна со фаворизираниот противник

/

пред 810 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Струга ТЛ и во вториот дуел против Слован Братислава доживеаа пораз, овој пат во Охрид, Словаците славеа со 2:1, но македонскиот првак и во овој дуел беше рамноправен противник.

Првакот на Словачка во првиот дел стигна до предност од 2:0. Прво Владимир Вајс во деветтата го постигна првиот погодок, а вториот беше автогол на Кире Ристевски кој во 34. минута ја затресе сопствената мрежа.

Стружани во текот на целиот натпревар имаа неколку извонредни можности за гол, а единствениот беше постигнат во 85. минута кога во листата на стрелците се запиша Басиру Кампаоре.

Струга ТЛ останува да настапува во европските натпреварувања и веќе следната недела во второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе се соочи со Пјуник.

ФОТО: Игор Паневски