На Светскиот шампионат во ракомет за младинки што се одржува во Скопје денеска се комплетираше првото коло од Главната рунда.
По денешната победа над Романија со 33:31, репрезентацијата на Јужна Кореа обезбеди пласман меѓу осумте најдобри, а место во четвртфиналето има и за Унгарија која славеше над Бразил со 32:16.
Овие две селекции им се приклучија на Данска, Египет и Исланд кои вчера забележаа победи и обезбедија место во елиминациската фаза од шампионатот.
ФОТО: Игор Паневски
































