Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Триумф на Работнички за прекин на серијата без победа

/

пред 679 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Работнички ја совладаа Беса со 4:1 и ја прекинаа низата од четири натпревари без победа.

Со овие три бода Работнички се врати при врвот на табелата со два бода помалку од водечките Гостивар и Силекс.

На арената Тодор Проески поведоа гостите со голот на Октај Ракипи во 22-та минута. Пет минути подоцна Рашид Садик израмни на 1:1.

Домаќинот до триумфот стигна во второто полувреме, а предност на Работнички му носи Аиме Гандо во 60-тата минута. Пет минути подоцна Али Регба зголеми на 3:1, а истиот играч по втор пат се запиша во стрелците и во 76. минута го постави конечниот резултат.

ФОТО: Игор Паневски