Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Вардар подобар од Алкалоид останува во трката за титулата

/

пред 937 дена

Сподели преку :

Во градското дерби ракометарите на Вардар беа поуспешни од домаќинот Алкалоид совладувајќи го со 27:23 и со оваа победа “црвено-црните” и натаму остануваат во трката за највисок пласман.

Вардар доминираше во текот на целиот натпревар, а на моменти предноста изнесуваше и осум гола, но во финишот Алкалоид успеа да го намали водството и да се избори за поднослив пораз од четири гола разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Марко Срдановиќ со седум гола по четири постигнаа Матија Николиќ и Косике Јасухира, а голманот Мартин Томовски забележа 15 одбрани.

Во составот на Алкалоид прв стрелец со осум погодоци беше Мартин Серафимов.

ФОТО: Игор Паневски