Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Вардар триумфираше во дуелот против Алкалоид

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Во градското дерби од ракометниот шампионат на Македонија, Вардар го совлада Алкалоид со 34:28 и по 11 одиграни кола е единствениот тим кој има максимален учинок.

Најефикасен во победничката екипа со девет гола беше Дмитро Хориха, Николас Боно и Јака Малус по пет пат се запишаа меѓу стрелците додека голманот Васил Гогов имаше осум интервенции.

Прв стрелец во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со девет погодоци, а по четири пати прецизни беа Марко Стојковиќ и Ненад Костески.

ФОТО: Игор Паневски