Во натпревар од првото коло во разигрувањето за шампионската титула Вардар на домашен терен го совлада Алкалоид со 34:26.
Најзаслужни за триумфот на “црвено-црните” беа Вуко Борозан со девет гола како и голманот Мигел Еспиња кој забележа 14 интервенции.
Прв стрелец во поразениот тим со седум погодоци беше Мартин Серафимов.
ФОТО: Игор Паневски










































