Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Вечното дерби без победник, Вардар обезбеди бараж

/

пред 1246 дена

Сподели преку :

Во претпоследното коло од Втората македонска фудбалска лига се сретнаа вечните ривали Вардар и Пелистер.

На натпреварот што се одигра на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари, двата тима постигнаа по еден погодок што беше доволно и за еден бод за секој од нив.

Бодот освоен против Пелистер значи дека Вардар дефинитивно го обезбеди третото место во второлигашката конкуренција и преку баражот ќе се обиде да се врати во елитното фудбалско друштво во Македонија.

ФОТО: Игор Паневски