Навивачите на Вардар во текот на првото полувреме од хуманитарниот натпревар со Црвена Звезда им се заблагодарија на сите земји кои веднаш по трагедијата во Кочани се понудија за помош и учествуваа во лекувањето и закрепнувањето на повредените во трагедијата во Кочани.
Комитите на Западната трибина во 15. минута од натпреварот со транспаренти на јазиците на сите земји кои помогнаа во најтешките моменти им се заблагодарија за несебичната помош.
ФОТО: Игор Паневски


















