Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

/

пред 535 дена

Сподели преку :

Во паузата меѓу двете полувремиња од хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба ги поздравија присутните на трибините на арената Тодор Проески.

Со овации беа поздравени легендите кои во минатото го носеле “црвено-црниот” дрес. Легендите беа предводени од Кочо Димитровски, а на теренот се појавија Стојмир Урошевиќ, Вујадин Станојковиќ, Ванчо Балевски, Ѓоре Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Никола Аврамовски, Сашо Тодоровски како и Илија Најдоски.

Специјално за овој натпревар од Белград допатуваа познати имиња кои биле дел од Црвена Звезда на чело со македонските репрезентативци Бошко Ѓуровски, Драги Канатларовски и Горан Попов како и Владимир Петровиќ, Здравко Боровница и уште многу познати имиња.

ФОТО: Игор Паневски