Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција и Холандија сигурни во Главната рунда

/

пред 1427 дена

Сподели преку :

По две одиграни кола во Ц групата што се игра во Скопје, селекциите на Холандија и Франција имаат максимален учинок и веќе обезбедија пласман во Главната рунда од Европското првенство во ракомет во женска конкуренција.

Холандија беше убедлива во дуелот против Македонија и славеше со 30:15 додека во вечерниот термин Франција исто така беше супериорна во однос на Романија и триумфираше со 35:21.

Двете селекции в среда во меѓусебниот дуел ќе решаваат која ќе го освои првото место во Ц конкуренцијата додека Македонија во мечот против Романија решава дали ќе го заврши настапот на континенталниот шампионат или пак ќе продолжи во следната фаза.

ФОТО: Игор Паневски