Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција нов предизвик за младите кошаркари

/

пред 1155 дена

Сподели преку :

По победата во првото коло од Европското првенство за играчи до 16 години, кошаркарската репрезентација на Македонија ја очекува нов предизвик.

Во второто коло од фазата по групи нашата селекција попладнево ќе се соочи со Франција, која на отворањето од шампионатот беше совладана од Литванија со 102:94.

По триумфот над Белгија со 63:57 репрезентацијата на Македонија се чини направи крупен чекор кон исполнување на целта, а тоа е опстанок во елитната група во оваа категорија, а во денешниот меч може да се отвори пат и кон борба за медал.

Натпреварот почнува во 17 часот и 30 минути, а се игра во салата на СРЦ Кале.

ФОТО: Игор Паневски